Спа Парк центарот во рамки на Парк Хотел и Спа и Паркленд и оваа година со низа изненадувања и привилегии за сите учеснички на Женска Трка, со цел да им овозможи целосно уживање, рекалсирање и опуштање на сите сетила.

Со секоја купена масажа од нашиот Спа центар добивате бесплатен дневен престој во спа центарот, со вклучено користење на базенот, сауната и парните бањи.

Спа Парк центарот располага со следниве простории и услуги:

  • Базен за релаксација
  • Парна бања
  • Сауна
  • Термални кревети
  • Релакс простор
  • Соби за третмани и масажи

Бањата и сауната, декорирани со мурано стакло и по светски теркови, овозможуваат целосно препуштање на рекалсација и задоволство на телото и умот.

Во рамки на нашиот Спа центар се изведуваат најсофистицирани светски трендовски масажи и третмани за тело и лице, од страна на сертифицирани терапевти од земјава и странство:

  • Тајландски масажи, изведени од сертифицирани терапевти од Тајланд (традиционална, спортска и масажа со балзам)
  • Арома и антистрес масажи
  • Лимфни дренажи (со и без крио алги)
  • Cannabo масажи
  • Сибирска масажа
  • Релакс масажи за двајца
  • Масажи за трудници
  • Рефлексиологија
  • Ароматичен пламен

Во Спа центарот користиме природни нерафинирани материјали, производи и пристап, дизајнирани за сечиј вкус и потреба, водени според девизата за природно, проверено и органско.

Нашата главна цел е да ви понудиме врвно задоволство по светски стандарди, водејќи се според девизата дека вашето задоволство и безбедност се наши врни приоритети.

Им посакуваме многу среќа и успех на сите учеснички и не заборавајте дека здравиот начин на живот, спортувањето, времето за релаксација и времето за себе е нешто што треба да го практикувате во континуитет.

За повеќе информации контактирајте го нашиот тим на 02 551 51 75.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.