Restaurant FOUR has once again taken great care of offering only the best to its visitors, thrilling them with a wide variety of specialties and expanding its offer with authentic Italian delicacies. The restaurant’s master chef, Elefteris Dalagiorgos will be taking us to an unforgettable gastronomic journey to Italy, where we will enjoy the diverse and incredibly tasty cuisine of this special country. Italy is a synonym for great food and is one of the most popular kitchens in the world. Prepared according to traditional recipes, everyone who will be staying in Skopje in the month of October will have the opportunity to enjoy the taste of an Italian salad with fresh tomatoes, spaghetti “A La Puttanesca”, risotto “All’ Amatriciana”, risotto “Primavera”, popular Italian tagliatelle with porcini and truffle oil, chicken "A La Carbonara", and for dessert the delicious Italian chocolate cake with
vanilla ice cream.
For the experience to be complete, the restaurant has separated carefully selected Italian wines that perfectly complement these delicacies. We invite all lovers of the refined Italian cuisine, to taste the culinary specialties prepared by the
hands of FOUR’s top chefs.
Ресторан FOUR уште еднаш се погрижи да го понуди најдоброто за своите посетители и да ги воодушеви со големиот избор на специјалитети, проширувајќи ја својата понуда со автентични италијански деликатеси.
Мастер Шефот на ресторанот, Елефтерис Далагиоргос овој пат не носи на едно незаборавно гастрономско патување во Италија, каде ќе уживаме во разновидната и неверојатно вкусна кујна на оваа посебна земја.
Италија е синоним за одлична храна и е една од најпопуларните кујни во светот. Подготвени по традиционални рецепти сите кои престојуваат во Скопје во месец октомври ќе имаат можност да уживаат во вкусот на италијанска салата со свежи домати, шпагети “Ала Путанеска”, рижото “Ал Аматрициана”, рижото “Примавера”, популарните италијански таљатели со вргањ и масло од тартуфи, пилешко “Ала Карбонара”, а за десерт вкусната италијанска чоколадна торта со сладолед од ванила.
За искуството да биде целосно, ресторанот одвои внимателно одбрани италијански вина кои совршено ги надополнуваат овие деликатеси.
Ги покануваме сите вљубеници во префинетиот италијански вкус, да ги пробаат кулинарските специјалитети подготвени од рацете на врвните шефови на ресторан FOUR.